Фон дер Лаен во петокот одби да се сретне со Вучевиќ кој тој ден, пред најавената средба со неа, се сретнал со рускиот министер за економски развој Максим Решетњиков.
Брнабиќ кажа дека такви нешта му се толерираат само на претседателот на Србија Александар Вучиќ, бидејќи тој е „државник од голем формат“.
Според неа, Вучиќ одржува одлични односи со Русија, Европската Унија, Кина и други земји и поради него во Србија доаѓаат угледни светски лидери.
„Во последната година Белград повеќе личи на Вашингтон отколку на Белград во надворешнополитичка смисла. Највлијателните светски лидери ни доаѓаат во посета. Една мала земја на Балканот кај која доаѓаат сите, тоа е невозможни и за многу посилни и поголеми земји. Ни за времето на Тито тоа не се случувало“, оцени Брнабиќ.






