четврток, 18 декември 2025

Брнабиќ: Црна Гора и Албанија немаат опозиција која во странство се жали на својата земја

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ одговори на забелешките на опозицијата дека Црна Гора и Албанија постигнале поголем напредок од Србија на европскиот пат и кажа дека Црна Гора и Албанија немаат опозиција која оди во странство за да се жали и да ја клевети нивната земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Знаете што немате во Црна Гора и Албанија? Немате луѓе како вас. Немате такви кои одат, трчаат, молат, се жалат, се молат земјата да не напредува. Па, тоа го немате, а тоа е всушност клучната и фундаментална разлика помеѓу Србија и овие други партнери во регионот. Вие, таква опозиција и такви блокади, немате никаде“, кажа Брнабиќ, а пренесува Танјуг.

Таа оцени и дека единствениот успех на опозицијата во Србија се одразува во тоа што таа земја е блокирана.

„Уште потешко ми е што секогаш ве гледам вас, кои одите во Брисел, во Стразбур, во Берлин, во Хаг, да се жалите, да кукате и да ја клеветите вашата земја, и дека секој ваш успех се одразува во фактот дека Србија е запрена некаде, дека Србија е критикувана некаде, дека Србија изгубила нешто, од инвестиции преку работни места“, кажа таа.

Зборувајќи за другите земји-кандидатки од Западен Балкан, Брнабиќ посочи на некои од негативните примери од тие земји, кои се однесуваат на владеењето на правото, како што е случајот со копањето тунел до депото на Високиот суд во Подгорица, за што никој не беше повикан на одговорност.

Шефот на пратеничката група на СНС Миленко Јованов се осврна на изјавата на комесарката за проширување на ЕУ Марта Кос, која кажа дека само демократска Србија може да влезе во Унијата и истакна дека тоа значи дека Србија никогаш нема да влезе во ЕУ ако ја води опозицијата.

„За илјада години нема да може да влезе во ЕУ, бидејќи не сте за демократска земја, туку за тероризам, за насилство, за провала во институциите, за блокади“, кажа Јованов.

Членот на групата „Здрава Србија – Социјалистичко движење“ Бојан Торбица, коментирајќи го извештајот на Европската комисија за Србија, оцени дека ЕУ не ја сака Србија во своето членство и дека не ја сака ниту како рамноправен партнер.

„Мислам дека одамна е јасно дека ЕУ не очекува реформи од Србија, туку ропство“, оцени Торбица, кој се согласи со одлуката на Вучиќ Србија да биде без претставник на самитот ЕУ-Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ