Одлуката доаѓа по зголемениот притисок врз принцот Ендру, откако се појавија нови извештаи за неговата врска со педофилот и финансиер Џефри Епстајн, како и неговите врски со наводен кинески шпион.
Според достапните информации, неговата поранешна сопруга Сара Фергусон исто така повеќе нема да ја користи својата титула војвотка од Јорк.
„Во разговор со кралот и со потесното и поширокото семејство, заклучивме дека постојаните обвинувања против мене го одвлекуваат вниманието од работата на Неговото Височество и кралското семејство. Решив, како и секогаш, да ја ставам мојата должност кон семејството и земјата на прво место. Останувам зад мојата одлука, донесена пред пет години, да се повлечам од јавниот живот. Со согласност на Неговото Височество, сметаме дека сега морам да одам чекор понатаму. Затоа повеќе нема да ја користам мојата титула или почестите што ми се доделени. Како што реков претходно, категорично ги негирам обвинувањата што се упатени против мене“, напиша принцот Ендру во соопштение.
Познато е дека промената ќе стапи на сила веднаш.






