вторник, 10 март 2026

Британски разурнувач тргна кон источен Медитеран

Британскиот разорувач ХМС Драгон го напушти пристаништето Портсмут и се упати кон источниот Медитеран, потврди британската Кралска морнарица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа бродот како го напушта пристаништето со помош на влекач, по што беше потврдено дека се упатува кон регионот.

Британската влада минатата недела објави распоредување на разорувачи од типот 45 откако база на Кралското воено воздухопловство (РАФ) на Кипар беше цел на напади со беспилотни летала.

Распоредувањето на бродот доаѓа по критиките за бавниот одговор на британските оружени сили, додека некои европски земји веќе ги испратија своите воени бродови во областа.

ХМС Драгон е еден од шесте разорувачи од класата тип 45 на британската Кралска морнарица, кои ја формираат првата линија на одбрана на флотата од воздушни закани како што се авиони, ракети и беспилотни летала.

Бродот обично е базиран во Портсмут и има екипаж од околу 200 морнари. Според британското Министерство за одбрана, може да заштити област до пет пати поголема од Кипар и истовремено да следи стотици цели.

Неговиот ракетен систем „Морска змија“ може да испука осум ракети за помалку од десет секунди и истовремено да насочи до 16 ракети кон цели, при што ракетите се движат со брзина четири пати поголема од брзината на звукот.

Минатата година ХМС Драгон стана првиот британски воен брод што соборил суперсоничен проектил за време на меѓународна вежба покрај брегот на Шкотска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ