понеделник, 19 мај 2025

Британската антитерористичка полиција уапси неколку Иранци под сомнение за планирање напади

Британската антитерористичка полиција уапси осум мажи, меѓу кои седум ирански државјани, во серија рации низ целата земја, соопшти денеска Метрополитенската полиција.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Вчера беа приведени петмина мажи, од кои четворица се ирански државјани, осомничени за криминални дела тероризам во врска со планирање напад на одреден објект, додека националноста на петтиот останува непозната.

Апсења беа извршени во Свиндон, Западен Лондон, Стокпорт, Рочдејл и Манчестер.

„Истрагата е сè уште во рана фаза и истражуваме различни начини за да утврдиме какви било потенцијални мотиви, како и дали постои некаков дополнителен ризик за јавноста поврзан со овој случај“, изјави командантот Доминик Мерфи, началник на антитерористичката команда на Метрополитенската полиција.

Во посебна операција истиот ден, тројца ирански државјани беа уапсени во Лондон како дел од друга антитерористичка истрага, соопшти одделно полицијата.

Тие сега се во притвор, антитерористичката полицијата претресува објекти на три адреси. Метрополитенската полиција соопшти дека оваа истрага не е поврзана со претходните апсења на петтемина мажи.

Полицијата не откри детали за сомнителниот заговор, наведувајќи оперативни причини.

Апсењата доаѓаат во време на засилена контрола на активностите поддржани од Иран во Велика Британија, при што Велика Британија тврди дека одговорила на повеќе од 20 такви заговори од 2022 година и вовела санкции врз криминална мрежа со седиште во Шведска поврзана со Иран за таргетирање на израелските и еврејските интереси во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ