Владата најави дека ќе се консултира со родители, млади и други засегнати страни за безбедно користење на технологијата, поради сè поголемата загриженост дека децата се изложени на нерегулирани содржини на социјалните мрежи.
„Како што јасно реков, ниту една опција не е исклучена, вклучително и разгледување од која возраст децата би требало да имаат пристап до социјалните мрежи“, напиша премиерот Кир Стармер на платформата Сабстек.
Тој наведе дека се разгледува и дали се потребни ограничувања поврзани со бесконечното скролување и механизмите што поттикнуваат постојано користење на апликациите.
Австралија веќе донесе закон со кој им се забранува пристап до социјалните мрежи на деца помлади од 16 години. Повеќе од 60 пратеници од Лабуристичката партија на Стармер му испратиле писмо на премиерот, повикувајќи ја владата во Велика Британија да воведе слична забрана по австралискиот пример.
Британски владини претставници ќе отпатуваат во Австралија за да се запознаат со мерките што ги применуваат тамошните власти.






