понеделник, 15 декември 2025

Британија: Ќе ја признаеме Палестина во септември ако Израел не се согласи со нашите услови

Велика Британија ќе ја признае државата Палестина во септември, освен ако израелската влада не преземе „суштински“ чекори за да стави крај на „ужасната ситуација“ во Појасот Газа и да исполни други услови, изјави британскиот премиер Кир Стармер пред својот кабинет.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Стармер рече дека Израел би можел да ја спречи оваа мерка со постигнување прекин на огнот во Газа, јасно ставајќи до знаење дека нема да го анектира окупираниот Западен Брег и обврзувајќи се на мировен процес што ќе резултира со решение за две држави, соопшти британската влада, пренесува Гардијан.

Стармер повтори дека не постои еквивалентност меѓу Израел и Хамас и дека нашите барања до Хамас остануваат, дека мора да ги ослободи сите заложници, да потпише прекин на огнот, да прифати дека нема да игра никаква улога во идната влада во Газа и да се разоружи, се вели во владиното соопштение.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела објави дека Франција ќе ја признае државата Палестина во септември на Генералното собрание на Обединетите нации, кога објави и писмо што го испрати до претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас, во кое ја потврдува намерата на Франција да стане првата западна сила што ќе ја признае државата Палестина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ