Минатата недела, Трамп му даде на рускиот претседател Владимир Путин 50 дена да ја заврши војната во Украина, под закана од строги санкции, и најави масовно вооружување на Украина преку НАТО.
Британскиот министер за одбрана Џон Хили во понеделникот, на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, оцени дека овој ултиматум е „максимална можност“.
Контакт групата обединува околу педесет земји кои воено и помагаат на Украина. Со неа претседаваат Велика Британија и Германија.
„Мораме да ја интензивираме нашата акција со 50-дневна кампања за вооружување на Украина на бојното поле и да придонесеме за принудување на Путин на преговарачка маса“, рече министерот на состанокот одржан преку видео врска.
Велика Британија испорачала на Украина противвоздушни ракети и гранати во вредност од 173,2 милиони евра во последните два месеци, според британското Министерство за одбрана.
Таа, исто така, вети дека ќе деблокира 808,2 милиони евра оваа година за набавка на муниција за Украина и нови пратки беспилотни летала.
Во последните шест месеци Киев доби речиси 50.000 беспилотни летала, а 20.000 од нив треба да бидат испорачани од коалицијата на земји предводена од Велика Британија и Латвија.






