„Секогаш сме биле јасни дека Иран не смее да има нуклеарно оружје и не смее да претставува закана за регионалната безбедност“, изјавија во заедничка изјава лидерите на Германија, Британија и Франција, неформална група позната како Е3.
„Го повикуваме Иран да се вклучи во преговори за постигнување договор што ќе ги реши сите загрижености поврзани со нуклеарната програма. Подготвени сме да придонесеме за таа цел во соработка со сите страни.“ Е3, исто така, ја потврдува својата поддршка за безбедноста на Израел, се вели во соопштението.
Американските сили нападнаа три од главните нуклеарни објекти на Иран, изјави утринава претседателот Доналд Трамп и го предупреди Техеран дека ќе се соочи со уште поразорен напад ако не се согласи на мир. „Ќе ги продолжиме нашите дипломатски напори за намалување на тензиите и осигурување дека конфликтот нема да се интензивира или прошири“, се вели во соопштението на Е3.