„Рускиот шпионски брод Јантар е на работ на британските води северно од Шкотска, откако влезе во пошироките води на Велика Британија во последните недели“, кажа Хејли во седиштето на британската влада во Лондон.
„Ова е брод дизајниран да собира разузнавачки информации и да ги мапира нашите подморски кабли“, додаде тој.
„Распоредивме фрегата на Кралската морнарица и авион на Кралските воздухопловни сили (РАФ) за да го следат секое движење на овој брод. Јантар насочуваше ласери кон нашите пилоти“, тврди британскиот министер.
„Таа руска акција е исклучително опасна и ова е втор пат оваа година овој брод Јантар да ги посети водите на Велика Британија. Значи, мојата порака до Русија и претседателот Владимир Путин е следнава: Ве гледаме, знаеме што правите и ако Јантар отплови на југ оваа недела, ние сме подготвени“, предупреди тој.






