понеделник, 7 април 2025

Британците објавија листа од 417 страници со американските производи на кои им се закануваат царини

Обединетото Кралство објави прелиминарна листа на американски производи што би можеле да бидат предмет на царини како одмазда за новите увозни даноци што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Списокот на 417 страници вклучува производи како што се чистокрвни коњи, детска облека, сурова нафта, огнено оружје и бурбон. Иако е на списокот, тоа не значи дека секој производ нужно ќе биде засегнат од царините, соопшти британската влада, а пренесува Би-би-си.

Вчера Трамп објави царина од 10 отсто за сите британски стоки увезени во САД, со дополнителни царини од 25 отсто за автомобили, челик и алуминиум. Овие мерки предизвикаа остри реакции низ светот и стравувања од ескалација на глобалната трговска војна.

Британскиот министер за економија Џонатан Рејнолдс рече дека владата ги консултира домашните компании за потенцијалните последици од овие контрамерки. „Најдобар пат кон економската стабилност е договор со САД, но сите опции остануваат на маса“, рече Рејнолдс во своето обраќање пред парламентот. Тој додаде дека одлуките ќе бидат донесени откако процесот на собирање мислења на компаниите ќе заврши до 1 мај. Овој потег означува промена на ставот на британската влада, која претходно ја избегнуваше идејата за трговска војна и се обидуваше да постигне исклучоци за британската индустрија. Премиерот Кир Стармер истакна дека Британија ќе се соочи со економските последици од царините на Трамп „со ладна глава“ и дека сите одлуки ќе бидат водени од националните интереси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ