„Ако ги прочитате двете соопштенија по тој разговор јасно е дека Русија навистина не сака да прави какви било отстапки“, им кажа Калас на новинарите во Брисел.
За време на телефонскиот разговор со неговиот американски колега рускиот претседател се согласи вчера да ги прекине ударите врз енергетската инфраструктура на Украина за време од 30 дена, но не се обврза за целосен прекин на огнот. Тој на крајот побара да престане повторното вооружување на Украина и да прекине западната помош на Киев.
Ова барање „не може да биде прифатено“, рекла Калас.
„Тоа што го сака Русија е Украина да го спушти гардот. Ако успеат да забранат секаква воена помош на Украина ќе бидат слободни да ги продолжат (нападите) зашто Украинците не ќе можат да се бранат. Според тоа, јасно е дека ова не може да функционира“, рекла таа.
Набргу по разговорот Трамп – Путин и објавата за ограниченото примирје украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека неговата земја била цел на нови руски удари. Сирени за тревога и експлозии одекнале синоќа во главниот град на Украина, а Зеленски кажа дека ударите се вршат врз цивилната инфраструктура.






