понеделник, 22 декември 2025

Брисел и Киев работат на мировен план, Трамп би го надгледувал спроведувањето

Според предлогот од 12 точки, прекинот на огнот би се базирал на сегашните линии на фронтот, Украина би добила безбедносни гаранции и пат кон Европската Унија, а двете страни би преговарале за статусот на окупираните територии без нивно правно признавање како руски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Европски земји работат со Киев на предлог од 12 точки за прекин на војната на Русија по сегашните фронтовски линии, објави Блумберг.

Спроведувањето на предложениот план би ја надгледувал мировен комитет со кој би претседавал американскиот претседател Доналд Трамп, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

Европските лидери денес го повикаа Вашингтон да остане цврст во своето барање за итен прекин на огнот во Украина, при што сегашните фронтовски линии би послужиле како основа за идните преговори, објави Ројтерс. Москва долго време бара Украина да се согласи да предаде повеќе територија пред какво било примирје.

Според предлогот Украина би добила безбедносни гаранции, средства за реконструкција и пат кон брз пристап кон Европската Унија, според извештајот на Блумберг. Во него се додава дека кога Русија, како Украина, ќе се согласи на прекин на огнот и двете страни ќе се обврзат да го запрат територијалниот напредок, предлогот предвидува враќање на сите депортирани деца во Украина и размена на затворениците.

Двете страни би почнале преговори за управување со окупираните територии, но ниту Европа ниту Украина нема правно да признаат кој било окупиран дел од земјата како руски, се додава во извештајот на Блумберг, кој повикува на неименувани извори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ