четврток, 11 декември 2025

Брисел до Вучиќ: Забрзајте ги реформите кај владеењето на правото и слободата на медиумите, усогласете се со ЕУ

Србија мора да ги забрза реформите во областите владеење на правото и слободата на медиумите, како и дополнително да се усогласи со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа се дел од задачите што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги доби од европските лидери.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, рече дека на средбата со Вучиќ бил разгледан напредокот на Србија на нејзиниот пат кон ЕУ.

„Разговаравме за важноста од забрзување на реформите, особено во областите владеење на правото и слободата на медиумите“, напиша Фон дер Лајен на мрежата Икс. „Истакнавме дека проширувањето е геостратегиски императив и дека постои потреба Србија дополнително да се усогласи со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.“

Таа додаде дека ги поздравиле чекорите што Србија ги презема за диверзификација на енергетските извори и правците на снабдување, со цел намалување на зависноста од Русија, „чија непостојаност повеќепати беше покажана“.

„Европа доследно ја демонстрираше својата солидарност со Србија преку големи инвестиции во енергетската инфраструктура и поддршка за ранливите домаќинства. Како што претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и јас нагласивме за време на нашите посети годинава, остануваме целосно посветени да ја видиме демократска Србија во ЕУ. Можете да сметате на нашата поддршка“, порача Фон дер Лаен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ