Тој во интервју за францускиот весник Монд оцени дека западните земји сносат делумна одговорност за конфликтот во Украина.
„Бајден, со кого долго разговарав за тоа, веруваше дека Русија треба да се уништи. А Европа застана на страната на Вашингтон и сега троши милијарди на модернизација на вооружувањето“, истакна бразилскиот претседател.
Лула да Силва не прецизираше за кој период од конфликтот во Украина станува збор. Тој во истото интервју ја потврди спремноста да ги поддржи преговорите меѓу Москва и Киев.