четврток, 29 мај 2025

Бразилската полиција спречи бомбашки напад на концертот на Лејди Гага во Рио (ВИДЕО)

Бразилската полиција во неделата соопшти дека спречила бомбашки напад планиран на историскиот концерт на Лејди Гага, на кој во саботата беа собрани повеќе од два милиони луѓе на Копакабана во Рио де Жанеиро.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Државната полиција на Рио де Жанеиро, во соработка со Министерството за правда, објави дека заговорот е организиран од група која пропагира говор на омраза и работи на радикализирање на тинејџерите, промовирајќи самоповредување, како и насилна содржина како форма на социјална припадност.

Според податоците на градскиот совет на Рио, на концертот на американската поп ѕвезда Лејди Гага присуствувале 2,1 милион луѓе.

„Осомничените регрутирале учесници, вклучувајќи и малолетници, за координирани напади со употреба на импровизирани експлозивни направи и молотови коктели“, соопшти полицијата.

Министерството за правда објави дека организаторите на нападот се претставиле како членови на глобалната база на обожаватели на Гага, познати како „малите чудовишта“.

Полицијата ја спроведе акцијата врз основа на извештајот добиен од лабораторијата за сајбер операции на министерството и по дојава од разузнавачката служба на државната полиција на Рио, која откри дигитални ќелии кои поттикнуваат насилничко однесување меѓу тинејџерите користејќи кодиран јазик и екстремистичка симболика.

Маж опишан како водач на групата е уапсен во јужната држава Рио Гранде до Сул поради нелегално поседување огнено оружје, додека тинејџер во Рио бил приведен откако на неговиот компјутер била пронајдена детска порнографија.

Властите извршија повеќе од десет налози за претрес и заплена на средства во државите Рио де Жанеиро, Мато Гросо, Рио Гранде до Сул и Сао Паоло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ