среда, 23 април 2025

„Божјиот архитект“ Антони Гауди на пат да стане светец

За многумина архитектот Антони Гауди е „Божјиот архитект“, кој ја покажувал својата побожност преку високите кули, шарената керамика и брановидните линии.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сега се чини дека Ватикан е спремен тоа да го официјализира. Соопштение е дека папата Франциско ги препознал „херојските доблести“ на Антони Гауди, каталонскиот архитект кој стои зад базиликата Саграда фамилија во Барселона, што е првиот чекор на патот да биде прогласен за светец.

Речиси еден век по смртта на Гауди, декларацијата е еден од почетните чекори во долгиот и сложен процес кон статусот светец. Архитектот на неколку најголеми туристички атракции на Барселона ќе мора да биде прогласен за блажен пред да може да премине на последниот чекор на канонизацијата.

Почитувачите на Гауди бараат тој да биде прогласен за светец повеќе од три децении, укажувајќи дека фантастични кули и камените ѕидови на Саграда фамилија убедиле некои луѓе да преминат во католицизам.

„Не постојат сериозни пречки“, кажа во 2003 архитектот и тогашен претседател на здружението за беатификација на Гауди Хозе Мануел Амузара. Тој го опиша здружението како движење од 80.000 луѓе низ светот кои му се молеле на Гауди за чуда.

Црквата почна да го разгледува барањето на почетокот на 2000-те.

Изградбата на Саграда фамилија почнала во 1882. Повеќе од 140 години подоцна, таа останува најголемата недовршена римокатоличка црква во светот, и покрај тоа што Гауди ги посветил последните 12 години од својот живот на проектот.

Папата Бенедикт Шеснаесетти ја освети зградата во 2010, кога го пофали „генијот на Антони Гауди во претворањето на оваа црква во слава на Бога од камен“.

Подоцна беше најавено дека базиликата ќе биде довршена во 2026 година, датум кој се поклопува со стогодишнината од смртта на Хауди. Меѓутоа, датумот на завршувањето е одложен на неодредено време откако пандемијата ја сопре изградбата и ги намали приходите од туристите за финансирање на работите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ