недела, 7 декември 2025

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во Исламабад

Бомбаш самоубиец утрово уби најмалку 12 лица пред зградата на судот во пакистанскиот главен град Исламабад, изјави министерот за внатрешни работи Мосин Накви.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку други се ранети, а некои се во критична состојба, изјави извор од болницата.

Напаѓачот се обидел да влезе во зградата на судот, но ја активирал експлозивната направа надвор, во близина на полициско возило, откако чекал таму околу 10 до 15 минути, изјави Накви за новинарите на местото на настанот.

„Го истражуваме овој инцидент од повеќе аспекти. Ова не е само уште еден бомбашки напад. Се случи во средината на Исламабад“, рече министерот.

Експлозијата се случила во близина на влезот на Окружниот суд во Исламабад, кој обично е преполн со странки во постапки.

Видео снимките и фотографиите објавени во локалните медиуми покажуваат луѓе облеани во крв како лежат покрај полициско возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ