сабота, 14 јуни 2025

Бомба експлодира пред клиника во Калифорнија, едно лице загина (ФОТО)

Бомба експлодираше во близина на клиника за репродуктивно здравје во Палм Спрингс, Калифорнија, при што загина едно лице, изјави градоначалникот Рон ДеХарт за Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Еј-би-си њуз, повикувајќи се на полициски извори и на самиот објект, објави дека во експлозијата се повредени најмалку пет лица.

Градските власти на Палм Спрингс на Фејсбук соопштија дека експлозијата се случила пред 11 часот по локално време.

„Беше идентификувано како бомба што се наоѓала во или во близина на автомобил“, рече ДеХарт.

Експлозијата го оштети канцеларискиот простор на ординацијата, каде што се спроведуваат консултации со пациенти, но лабораторијата за ин витро оплодување (ИВФ) и сите складирани ембриони се недопрени.

Федералното истражно биро во Лос Анџелес на социјалните мрежи објави дека ја истражува експлозијата, експерти за експлозиви се распоредени на местото на настанот.

Палм Спрингс се наоѓа околу 100 милји источно од Лос Анџелес.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, е известен за експлозијата, соопшти неговиот кабинет.

Асошиејтед Прес пренесе дека клиниката за плодност на Американскиот репродуктивен центар е оштетена, но дека персоналот е безбеден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ