понеделник, 8 декември 2025

Блумберг: Русија размислува за воздушно примирје како отстапка за Трамп

Кремљ ја разгледува можноста за привремено прекинување на кампањата на напади со долг дострел врз Украина како потенцијална отстапка кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со проблемот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Остануваат уште три дена до крајниот рок што Трамп го постави за Русија на 29 јули – до тогаш да ја заврши војната во Украина.

Според Блумберг, руските функционери ги анализираат можни опции пред доаѓањето на американскиот претставник Стив Виткоф во Москва оваа недела.

Една од нив вклучува ограничено „воздушно примирје“, односно пауза во нападите со беспилотни летала и ракети, но само под услов Украина да се согласи да учествува.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја потврди важноста на средбите со Виткоф, но одби да коментира конкретни предлози.

На 3 август, Трамп потврди дека Виткоф би можел да отпатува во Русија на 6 или 7 август.

„Мислам дека можеби ќе оди во Русија следната недела, среда или четврток“, им кажа Трамп на новинарите. „Тие сакаат да го видат. Тие ја побараа таа средба, па ќе видиме што ќе се случи.“

Виткоф веќе се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во април. Неговите контакти со Кремљ, вклучително и користењето на руски преведувачи и повторувањето на руските наративи за војната, предизвикаа критики од американските и странските претставници.

Блумберг пишува дека Путин сè уште не е подготвен да се согласи на целосно примирје, но Кремљ бара начин да го намали засилениот притисок од Трамп.

„На Трамп му е потребен некаков „подарок“, некаква отстапка од Русија“, изјави за Блумберг Сергеј Марков, политички аналитичар близок до Кремљ. „Воздушно примирје би можело да биде таков подарок“.

На 1 август, белорускиот претседател Александар Лукашенко, исто така, разговараше за идејата за „воздушно примирје“ со Путин. Рускиот претседател не се огласи јавно за тоа. Лукашенко зборуваше за истата идеја во јуни, за време на необична средба со претставникот на Трамп во Украина, Кит Келог, во Белорусија.

Келог треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев оваа недела.

Зеленски денес објави дека имал продуктивни телефонски разговор со Трамп, во кој разговарале, меѓу другото, за санкциите и неодамнешните руски воздушни напади врз украинските градови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ