недела, 7 декември 2025

Блумберг: Рио Тинто го одложува проектот Јадар во Србија

Рударската компанија Рио Тинто го одложила проектот за експлоатација на литиум во долината на реката Јадар во западна Србија, пишува денес агенцијата Блумберг, повикувајќи се на интерни документи на австралиската компанија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Блумберг имал увид во меморандум испратен оваа недела во кој се наведува дека проектот Јадар ќе биде ставен во статус на „грижа и одржување“ (конзервиран).

„Имајќи го предвид недостигот од напредок со дозволите, не сме во позиција да го одржиме истото ниво на распределба на трошоци и ресурси“, се наведува во меморандумот.

Еден портпарол на концернот ја потврдил содржината на меморандумот, но одбил да даде понатамошен коментар.

Потегот на Рио Тинто доаѓа во време кога неговиот нов извршен директор се обидува да се фокусира на рационализирање на растечката компанија и намалување на трошоците.

Агенцијата Блумберг наведува дека проектот во долината на реката Јадар се соочува со проблеми со години и дека областа има богати резерви на литиум и бор од една страна, но од друга страна локалната заедница остро се спротивставува на проектот, кој исто така стана предмет на големи политички протести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ