недела, 14 декември 2025

Блумберг: Германија ќе ја поддржи француската иницијатива за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт

Германската влада одлучи да го поддржи предлогот на Франција за решавање на израелско-палестинскиот конфликт базирано на две држави, пренесува Блумберг њуз, повикувајќи се на лица запознаени со планот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа, пишува овој медиум, Германија се дистанцира и од Соединетите Американски Држави и од Израел по неделните напади во Катар.

Германија планира в петок да ја поддржи резолуцијата на Обединетите нации за усвојување на Њујоршката декларација, предводена од Франција и Саудиска Арабија, рекле изворите на кои се повикува Блумберг, кои побарале да останат анонимни бидејќи одлуката уште не е објавена.

Декларацијата го поддржува создавањето на палестинска држава, како и правото на враќање на бегалците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ