четврток, 19 јуни 2025

Блокади низ Франција, земјоделци ги паркираа тракторите пред собранието

Француските земјоделци денес ги паркираа своите трактори пред парламентот и организираа блокади на патиштата низ целата земја во поддршка на законот што би го олеснил добивањето административни дозволи за изградба на објекти за размножување и ќе дозволи привремена употреба на ацетамиприд, инсектицид кој е забранет во Франција од 2018 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

И двата предлози се вид на мерка за намалување на бирократијата што земјоделците го побараа кога ги организираа големите протести минатата година.

Предлог законот требаше да се разгледа денес во парламентот, но неговите поддржувачи изјавија дека „зелените“ и левичарските партии се обиделе да го попречат процесот предлагајќи стотици амандмани на текстот пред дебатата.

Предложениот закон беше усвоен од францускиот Сенат во јануари и беше поддржан од министерката за земјоделство, Ан Женевр.

Новиот бран протести е организиран од влијателните земјоделски лобија ФНСЕА и Жун агрикултус, иако левичарскиот синдикат на земјоделци се спротивставува на тоа.

Лидерот на ФНСЕА, Арно Русо, рече дека протестите ќе продолжат до среда, но призна дека тие ќе бидат во голема мера симболични.

„Целта не е да ги изнервираме Французите, туку да ја пренесат пораката што ја упативме пред година и пол, а тоа е дека француското земјоделство е во опасност“, рече Русо во интервју за Франсинфо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ