Снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога е застрелан во вратот додека зборува под шатор во дворот на универзитетот. Во исто време, студентите бегаат во паника од звуците на пукотници. Кирк настапил таму како дел од турнејата Американ камбек тур, организирана од локалниот огранок на ТПУСА.
Првично беше објавено дека напаѓачот е уапсен, но подоцна пристигна информација дека притвореното лице е ослободено и дека напаѓачот сè уште се бара.
Скот Тротер, портпарол на Универзитетот Јута Вали, изјави дека околу 12:25 часот по локално време, „се слушнал истрел во дворот на универзитетот, во близина на студентската кафетерија, додека Чарли Кирк го почнувал својот настап“. Тој додаде дека кампусот е затворен до крајот на денот.
Американскиот конгресмен Џејсон Чафец, кој бил на настанот со својата ќерка, изјави за Фокс њуз дека насилството било „шокантно“. „Сите се фрлија на земја и избегаа“, кажа Чафец. „Куршумот одеше право во него.“ Тој додаде дека разговарал со Кирк непосредно пред почетокот на средбата.
По пукањето, луѓето почнале да бегаат во паника и настанал хаос.
🚨🇺🇸 CHAOS ERUPTS AFTER SHOOTING AT CHARLIE KIRK EVENT
Footage from Utah Valley University shows panic breaking out at a Charlie Kirk event, with early reports suggesting he may have been shot in the neck.
Crowds shouted about an active shooter as Kirk was hit, fueling… https://t.co/6hWvg0AVq4 pic.twitter.com/QtcwJV7vkl
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) September 10, 2025






