вторник, 16 декември 2025
Воените служби доставиле извештај до Вучиќ

Блиц: Сомнителна смрт на претставник на српска фирма за воена опрема во Москва

Телото на претставникот на српската државна компанија за извоз и развој на вооружување и воена опрема „Југоимпорт СДПР“, Радомир Куртиќ, било најдено на улица во Москва на 17 ноември, објавува белградскиот весник Блиц, наведувајќи дека смртта е сомнителна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според овој медиум, воените безбедносни служби и Безбедносно-информативната агенција (БИА) му доставиле извештај за сомнителната смрт на Куртиќ на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што пишува Блиц, руските служби досега не испратиле форензички извештаи.

Куртиќ во Москва бил во својот втор мандат како претставник на „Југоимпорт СДПР“.

Комисија на „Југоимпорт СДПР“ ги посетила канцелариите во Москва и при тоа утврдила дека недостигаат поголем број документи, како и хард-дискови од компјутерите, наведува Блиц.

Србија бара одговори од руските власти

Истражните органи на Русија не доставиле никакви официјални информации за настанот до амбасадата на Србија и претставништвото на „Југоимпорт СДПР“ во Москва, ниту до безбедносните служби во Србија.

Блиц пишува дека Вучиќ на состанок со претставници на безбедносните служби и на „Југоимпорт СДПР“ рекол дека „не смееме никого да обвинуваме додека не добиеме цврсти докази за тоа, но мораме да бараме да ги добиеме сите неопходни информации од претставниците на руската држава и руската државна безбедност“.

Минатата година српскиот неделник Време објави дека оружје од Србија преку сомнителни посредници завршува во Украина. Споменувајќи го државното претпријатие Југоимпорт за трговија со оружје, неделникот објави дека оружјето се набавува во Србија, потоа им се продава на Американци и Украинци, а во сето тоа се вплеткани српски претприемачи, но и руски олигарси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ