четврток, 19 февруари 2026

Бившиот британски принц Ендрју уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција

Полициска служба од Обединетото Кралство го уапси Ендру Маунтбатен-Виндзор под сомнение за злоупотреба на јавна функција, пренесе АП. Братот на кралот наводно е приведен на својот 66-ти роденден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата на Темс Вели, служба што ги покрива областите западно од Лондон, вклучително и поранешниот дом на Маунтбатен-Виндзор, соопшти дека „разгледува“ извештаи според кои поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор во 2010 година испраќал трговски извештаи до осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

Полициската служба не го именуваше Маунтбатен-Виндзор, како што е вообичаено според британското право. Но, кога беше прашана дали тој е уапсен, службата упати на соопштение во кое се наведува дека е уапсен маж во шеесеттите години.

„По темелна процена, сега отворивме истрага за ова наводно дело на злоупотреба на јавна функција“, се наведува во соопштението. „Важно е да го заштитиме интегритетот и објективноста на нашата истрага додека работиме со партнерите на испитување на ова наводно кривично дело.“

„Разбираме дека постои голем јавен интерес за овој случај и ќе дадеме информации во соодветно време“, се додава во соопштението.

Апсењето следува откако на интернет се проширија снимки што наводно покажуваат необележани полициски возила како пристигнуваат на Вуд Фарм, во рамките на имотот Сандрингем во Норфолк, додека полицајци во цивил се собираат пред неговиот дом.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ