„Оваа војна започна како праведна војна“, рече поранешниот шеф на контраразузнавачката служба Шин Бет, Ами Ајалон, во заедничката видеопорака. „Но откако ги постигнавме сите наши воени цели, извојувавме брилијантна победа над сите наши непријатели, ова повеќе не е праведна војна“, рече Ајалон.
Тој нагласи дека Израел сега е во опасност да ги загуби својата безбедност и идентитет, објави новинската агенција Дпа.
Поранешниот началник на Генералштабот и премиер Ехуд Барак, поранешните началници на армијата Моше Јалон и Дан Халуц, како и тројца поранешни директори на израелската разузнавачка служба Мосад, исто така, се појавуваат во видеото.
Вкупно 19 поранешни шефа на разни безбедносни служби се придружија во повикот за итен прекин на војната, за која велат дека сè уште трае од чисто политички причини. „На работ сме на пораз“, предупреди поранешниот шеф на Мосад, Тамир Пардо, пренесува Дпа.
Неколку учесници во апелот велат дека Израел е предводен од фундаменталистичка, екстремистичка влада, која повеќе не ужива поддршка од мнозинството граѓани. Тие исто така побараа итно ослободување на израелските заложници, и тоа сите одеднаш.






