петок, 23 јануари 2026

Бивша австриска министерка: Не е случајно што Хитлер дошол од Австрија

Карин Кнајсл, поранешна австриска министерка за надворешни работи што се пресели во Русија, неодамна се осврна на поранешните фази од својот живот во интервју на Јутјуб, во емисијата „Мост кон Истокот“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Никој не треба да ми зборува дека проблемот е само во елитите или во злите медиуми. Видов како обичните луѓе се свртеа против мене. Тогаш сфатив дека не е случајно што Хитлер дојде од Австрија“, изјави Кнајсл.

Ова не е првпат Кнајсл да предизвика бурни реакции со своите настапи на Јутјуб. Во ноември 2024 година веќе доспеа во центарот на вниманието кога изјави: „Не е случајно што Хитлер дојде од Австрија и што водечките функционери на Гестапо беа Австријци. Тоа е мешавина од тесноградост, завист и комплекс на пониска вредност.“

Кнајсл во последната година и пол живее во село во руската Рјазанска област, каде што, според сопствените зборови, започнала „ново поглавје“.

Во новото видео Кнајсл, која отворено ја истакнува својата блискост со Русија, оди уште подалеку. „Ако нешто ми недостига од Европа, тоа е Франција, а не Австрија. Во Франција луѓето беа луѓе, во Австрија се хиени“, наведе таа.

Го спореди и својот живот во Австрија со периодот поминат во Либан, каде што живеела пред преселбата во Русија. „Немаше таква злоба, таква пакост и таква злонамерност каква што и денес ја доживувам, бидејќи таа и понатаму доаѓа од Австрија“, тврди таа.

Кнајсл беше шефица на австриската дипломатија од 2017 до 2019 година. Служеше во владата предводена од крајно десничарската Слободна партија, иако не беше членка на партијата. Таа танцуваше со рускиот претседател Владимир Путин на својата свадба во 2018 година во Австрија, што предизвика меѓународни критики.

По истекот на министерскиот мандат постепено се приближи кон Русија. Во 2020 година почна да пишува авторски колумни за рускиот државен медиум РТ, а во март 2021 година руската влада ја именуваше во управниот одбор на државната нафтена компанија Роснефт.

Непосредно пред руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година ги отфрлаше разузнавачките предупредувања за претстоен напад, нарекувајќи ги западна „воена хистерија“. Од управата на Роснефт се повлече во мај 2022 година, три месеци по почетокот на инвазијата, а во пораки до новинар од Вашингтон пост навела дека ја напуштила Австрија поради „закани со смрт“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ