вторник, 3 март 2026

Бивш шеф на ЦИА: Нападот на Трамп врз Иран е катастрофална грешка, Нетанјаху го вовлече во тоа

Поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Бренан изјави дека воените напади на претседателот Доналд Трамп врз Иран се „драстично лоша грешка“. Бренан во емисијата „Викнајт“ на МС-нау ги спореди нападите со американската инвазија врз Ирак во 2003 година, за која тврди дека предизвикала повеќедецениски хаос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека ова е вторпат во овој век САД да направат катастрофална грешка впуштајќи се во конфликт на Блискиот Исток. Првиот пат беше во 2003 година кога го нападнавме Ирак, што предизвика години и години хаос, насилство и тероризам“, изјави Бренан.

„Тоа доведе до подемот на Исламска држава и сè уште се опоравуваме од тој 20-годишен хаос. Сега го започнуваме овој голем напад врз Иран, многу голема земја, значително поголема од Ирак“, додаде тој. „Она што го видовме изминатите денови се разорни напади врз Иран и иранската влада. Иранскиот режим во моментов не попушта и затоа напаѓа со сите расположливи средства блиски цели, без разлика дали станува збор за американски бази или за заливски арапски држави.“

„Нетанјаху го вовлече Трамп во ова“

„Сведочиме на трагична, бесмислена и непотребна загуба на животи. Како што рече сенаторот Ворнер, немаше непосредна закана“, продолжи Бренан. „Мислам дека е јасно дека администрацијата сега измислува работи за да се обиде да го оправда она што се случува.“

„Она што мене ми е јасно е дека Бенјамин Нетанјаху, кој долго време посакуваше ваква воена операција против Иран, успеа да го придобие Трамп и да го вовлече во вакво нешто“, заклучи Бренан, кој беше на чело на ЦИА од 2013 до 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ