петок, 3 април 2026

Бивш ирански министер предложи услови за завршување на конфликтот со САД и Израел

Поранешниот министер за надворешни работи на Иран Мохамад Џавад Зариф денеска предложи услови за постигнување прекин на конфликтот со Соединетите Американски Држави и Израел, наведувајќи дека Техеран би можел да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на сите санкции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зариф, во авторски текст објавен во списанието Форин аферс, наведе и дека Иран би можел повторно да го отвори Ормускиот теснец, оценувајќи дека таквиот договор претходно бил неприфатлив за Вашингтон, но дека сега би можел да се разгледа, пренесува Асошиејтед прес.

Иако повеќе нема официјална функција, Зариф имаше значајна улога во изборот на реформскиот претседател Масуд Пезешкијан, а се смета дека изнесувањето вакви ставови не е можно без консултации со врвот на иранската власт.

Тој истакна дека Иран „јасно победува“ во актуелниот конфликт, но оцени дека постои простор за дипломатско решение.

Засега не е познато како би можел да реагира претседателот на САД Доналд Трамп на ваквиот предлог, особено имајќи предвид дека Зариф ги критикуваше неговите блиски соработници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, оценувајќи дека се „целосно неписмени во геополитиката и нуклеарните прашања“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ