четврток, 25 декември 2025

Биткоинот надмина 100.000 долари првпат во историјата

Цената на биткоинот за прв пат ја надмина границата од 100.000 долари, достигнувајќи нова рекордна вредност. Вредноста на најпознатата криптовалута во светот порасна поради сѐ поголемите надежи дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе усвои низа политики што ги поддржуваат криптовалутите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Биткоинот достигна највисоко ниво на сите времиња само неколку часа откако Трамп рече дека ќе го номинира поранешниот комесар на Комисијата за хартии од вредност (СЕК), Пол Аткинс, исто така застапник за криптовалутите, да ја води Комисијата.

Се смета дека Аткинс е многу повеќе наклонет кон криптовалутите од сегашниот шеф на СЕК, Гери Генслер. Преминувањето на вредноста од 100.000 предизвика славење кај љубителите на криптовалутите низ светот.

Вредноста на еден биткоин е еден од барометрите на оптимизмот во индустријата на криптовалутите, која сега се проценува на 3,3 трилиони долари (3,3 милиони милиони долари), според аналитичката компанија „Коин маркет кап“. Изборната победа на Трамп минатиот месец беше катализатор за последниот бран.

Новоизбраниот претседател вети дека ќе ги направи САД „криптопрестолнина на планетата“, фасцинантен пресврт за човекот што во 2021 година го нарече биткоинот „измама“.

Неверојатно е и како летна цената на биткоинот. Процената од 100.000 долари претставува зголемување од 40% на денот на изборите во САД и повеќе од двојно од цената со која биткоинот ја започна годината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ