четврток, 29 мај 2025

Билд: Во тек е ново гласање во Бундестагот за нов канцелар

Нова рунда гласање за нов германски канцелар во Бундестагот би требало да се одржува во моментов, јавува Билд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на Социјалдемократската партија Ларс Клингбајл изјавил дека демократските партии се согласиле денес да се одржи вториот круг на гласањето, пренесува Ројтерс.

Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц не успеа да го освои мнозинството потребно да стане канцелар во првиот круг на гласањето во Бундестагот, бидејќи за него гласаа само 310 од 630 членови на долниот дом на парламентот, кажа претседателката на Бундестагот Јулија Клокнер. Против изборот на Мерц беа 307, а воздржани три пратеници.

На Мерц му беа потреби 316 гласа за да обезбеди мнозинство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ