понеделник, 26 јануари 2026

Бил Клинтон: Обврска ни е да се кренеме на бунт

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, се огласи со соопштение за, како што наведе, „ужасните сцени“ во Минеаполис и во други делови од земјата, „за кои никогаш не мислел дека ќе се случат во Америка“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Луѓе, вклучително и деца, беа одведувани од своите домови, од работните места и од улица од страна на маскирани федерални агенти“, порача Клинтон.

Тој додаде дека „мирни демонстранти и граѓани што го користеле своето уставно право да го набљудуваат и документираат постапувањето на полицијата биле апсени, претепувани, изложени на солзавец, а она што најмногу боли — во случаите на Рене Гуд и Алекс Прети — и застрелани и убиени“.

„Сето тоа е неприфатливо и можело да се избегне“, нагласи тој.

Федерален агент пред два дена во Минеаполис го уби Алекс Прети, 37-годишен медицински техничар.

Клинтон потоа ги обвини властите за измамување на јавноста. „Оние што се на власт нè лажеа, ни велеа да не му веруваме на она што го видовме со сопствените очи и туркаа сè поагресивни и поантагонистички тактики, вклучително и попречување на истрагите што ги спроведуваат локалните власти“, истакна тој.

Предупреди дека САД се наоѓаат во клучен историски момент. „Во текот на животот се соочуваме со само неколку моменти во кои одлуките што ги носиме и потезите што ги повлекуваме ја обликуваат нашата историја со години однапред“, напомена.

„Ова е еден од тие моменти. Ако по 250 години лесно се откажеме од своите слободи, можеби никогаш повеќе нема да ги добиеме назад“, предупреди тој.

Пораката ја заврши со повик до граѓаните: „Обврска на сите нас што веруваме во ветувањето на американската демократија е да се кренеме, да проговориме и да покажеме дека оваа држава и понатаму ни припаѓа на нас, народот.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ