вторник, 13 јануари 2026

Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за Епстин во Конгресот

Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат во конгресната истрага за покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, водена од републиканците, оценувајќи дека станува збор за партиски мотивирана постапка.

Фото: Министерство за правда на САД

Објавено на

часот

Сподели

Во писмо до републиканскиот претставник Џејмс Комер, претседател на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом, тие напишаа дека „секој човек мора да одлучи кога му е доста“ и додадоа дека за нив „тој момент дошол сега“.

Комер се закани дека ќе ги прогласи Клинтонови за виновни за непочитување на Конгресот доколку не се појават пред комитетот, што потенцијално ќе доведе до кривични обвиненија.

Во писмото кое Хилари Клинтон го сподели на социјалните медиуми, Клинтонови порачуваат дека се обиделе да ги пружат „малкуте информации“ кои ги имале за да помогнат во истрагата и го обвинија Комер за одвлекување на вниманието од неуспесите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Го направивме ова затоа што злосторствата на Епстин беа ужасни. Ако владата не направи сè што можеше за да ги истражи и гони тие злосторства, од која било причина, тоа треба да биде фокусот на вашата работа… Нема докази дека го правите тоа“, напишаа тие.

„Нема веродостојно објаснување за она што го правите освен партиска политика“, порача тие, додавајќи дека очекуваат Комер да му наложи на одборот да ги прогласи за виновни за непочитување на судот.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, под притисок од политичката база на Трамп, му нареди на Министерството за правда да објави досиеја поврзани со кривичните истраги против Епстин, кој некогаш бил пријател со Трамп и Клинтонови, а сè во согласност со законот за транспарентност донесен од Конгресот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ