сабота, 20 декември 2025

БиХ сепак нема да остане без 100 милиони евра од ЕУ, постигнат е договор

Советот на министри на Босна и Херцеговина успеа да ја усвои програмата за реформи која мора да се спроведе за земјата да добие пристап до фондот од шест милијарди евра од европските фондови, наменет за земјите од Западен Балкан. По месеците блокади документот беше усвоен само неколку часа пред истекот на рокот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Програмата беше усвоена на вонредна телефонска седница, а европската комесарка за проширување Марта Кос побара нејзино прифаќање за време на нејзината посета на БиХ минатата недела. „Европскиот пат на БиХ продолжува незапирливо“, порача претседателката на Советот на министри на БиХ Борјана Кришто, во објава на социјалната мрежа Икс.

На полноќ истече рокот кој го постави Европската комисија за Босна и Херцеговина, со најава дека неговото кршење ќе значи одземање на уште сто милиони евра од пакетот првично планиран за таа земја во форма на грантови и евтини заеми наменети за поддршка на економски и инфраструктурни проекти.

Овие средства беа обезбедени преку Планот за раст за Западен Балкан, посебна програма чија цел е да ги приближи сите шест земји од Западен Балкан до членство во ЕУ. Сите други земји одамна ги изготвија и ги испратија своите реформски програми до Европската комисија, но во Босна и Херцеговина имаше неплодни дискусии за тоа повеќе од осум месеци, а поради доцнењето во јули ѝ беа одземени 108,5 милиони евра.

Усвојувањето на програмата беше блокирано цело време од страна на српските министри назначени од Милорад Додик, без никогаш да понудат кохерентно објаснување за таквиот однос. Министерот за надворешна трговија Сташа Кошарац претходно изјави дека тие инсистираат дека „Република Српска мора да биде видлива“ во тој документ.

Министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ им кажа на новинарите пред крајот на гласањето во Советот на министри дека не разбира зошто српските министри го блокираа документот чие усвојување е во заеднички интерес и од кој имаат корист сите граѓани на БиХ.

Неговото толкување е дека опструкциите можат да бидат само во интерес на Русија, која го попречува европскиот пат на Босна и Херцеговина. „Две познати прашања се она за етничкото вето во Советот за државна помош и прашањето за судиите (во Уставниот суд на Босна и Херцеговина), па затоа и таму најдовме некои дефиниции за компромис“, кажа Конаковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ