Болницата Насер објави дека едно од децата на докторката Ала ал-Наџар и нејзиниот сопруг е повредено, но преживеало.
Греам Грум, британски хирург кој работи во болницата, кажа дека го оперирал нејзиниот преживеан 11-годишен син.
Видеото што го сподели директорот на министерството за здравство на администрација на палестинското движење Хамас, чија автентичност е потврдена од Би-би-ии, прикажува мали изгорени тела како се извлекуваат од урнатините на нападот во петокот во Кан Јунис.
Би-би-си чека коментар од израелската војска.
Повеќе од 70 лица се убиени во израелските воздушни напади во петокот, а најмалку шест лица се убиени досега денес, соопшти Агенцијата за цивилна одбрана предводена од Хамас.
Доктор Мунир Албруш, директор на министерството за здравство, изјави на социјалната мрежа Икс дека семејната куќа била погодена неколку минути откако сопругот на докторката Ал-Наџар, Хамди, се вратил дома откако ја однел сопругата на работа.
Албурш кажа дека најстарото од децата имало 12 години.
Грум рече дека таткото на децата е „многу тешко повреден“.
Махмуд Басал, портпарол на агенцијата за цивилна одбрана во Газа, управувана од Хамас, во петокот попладне на Телеграм изјави дека неговите тимови извлекле осум тела и неколку повредени лица од куќата на докторката Ал-Наџар во близина на бензинска пумпа во Кан Јунис.
Болницата првично објави на Фејсбук дека осум деца се убиени, а потоа два часа подоцна го ажурираше бројот на девет.
Во интервју снимено од новинската агенција Франс прес, роднина на докторката, Јусеф ал-Наџар, кажа: „Доста! Смилувајте ни се! Апелираме до сите земји, меѓународната заедница, народот, Хамас и сите фракции да ни се смилуваат. Исцрпени сме од раселување и глад, доста е!“