среда, 9 април 2025

Би-би-си: Ова е крај на ерата на евтини стоки за Американците

Како што пренесува Би-Би-Си, заврши периодот на евтина стока за американските потрошувачи, кој траеше последните неколку децении. Поради новите царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, кои денеска предизвикаа остро противење и реакција од Кина, се очекува раст на цените и дополнително зајакнување на инфлацијата.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Трамп кон средината на неделата најави широк пакет глобални царини, а Кина денеска возврати со објавување на царини од 34 отсто за целиот американски увоз и дополнителни санкции против голем број американски компании. Трговската војна на тој начин влезе во нова фаза, со директни последици за крајните потрошувачи.

Како што потсетува Би-би-си, Белата куќа побарала од трговските синџири да не ги зголемуваат цените, но се покажа дека тоа е тешко да се спроведе. Анализата предупредува и на голем број непредвидени последици: „Понекогаш едноставно немате алтернатива за добавувачите што ги користите“, се потсетува во текстот.

На пример, новата царина за увоз од Мадагаскар особено ги погодува производителите кои се потпираат на увозот на ванила. Ова е само еден мал проблем, но кога ќе го помножите со илјадници слични случаи, јасно е дека голем број увезени производи сега подлежат на двоцифрени царини, пренесува Би-би-си.

Покрај трошоците, постои и логистички предизвик – дали синџирите на снабдување можат да се променат толку брзо?

Како што заклучува Би-би-си, Соединетите држави со децении профитираа од увозот на поевтини стоки од странство, иако тоа доведе до губење на работните места во производството. Но, сега, кога домашното производство сака да се врати, ризиците од трајно повисоки цени и посилен инфлациски притисок стануваат сè појасни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ