понеделник, 14 јули 2025

Би-би-си: Израелците беа уверени дека се недопирливи, расположението им се смени

Спасувачките екипи ги чистат урнатините и ги отстрануваат остатоците од 20-катната зграда во Петах Тиква, која беше погодена од иранска ракета во текот на ноќта, при што направи голема дупка во неа и уби најмалку четири лица, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Две жртви биле во засолниште во времето на нападот, а според прелиминарната истрага, проектилот го погодил ѕидот помеѓу двете засолништа, кој не можел да издржи директен удар. Третата жртва била на катот над засолништето.

Жителите на преостанатите три згради во комплексот, исто така тешко оштетени, се обиделе да стигнат до своите станови за да земат некои лични работи бидејќи не знаеле кога ќе можат да се вратат таму. Околу 300 станови сега се празни, а семејствата што живееле во нив сега се раселени.

Нападот се случил околу четири часот по полноќ и не е јасно што точно била целта. Станува збор за станбена зона и во близина нема згради што би можеле да се сметаат за стратегиски. Израел го обвини Иран дека намерно таргетира цивили како дел од својот одговор на масовните израелски напади.

Расположението на многу Израелци е променето. Многумина веруваа дека софистицираниот противвоздушен систем на земјата е непробоен, што се промени откако Иран го започна својот одмазднички напад. Израелските власти велат дека повеќеслојниот противвоздушен систем сè уште е отпорен, но не и совршен.

Иран лансираше ракети врз неколку големи израелски градови во понеделникот, со што бројот на жртвите се искачи на 11 на четвртиот ден од воената ескалација меѓу двете земји.

Фотографиите од Франс прес од Тел Авив покажуваат погодени згради каде што пожарникарите бараат преживеани. Други ракети ги погодија градовите Петах Тиква и Бнеи Брак, во близина на Тел Авив, и Хаифа на северот од земјата, од каде што се издигал црн чад.

На 13 јуни, Израел почна напад врз Иран од невидени размери, насочувајќи се кон стотици воени и нуклеарни цели, наводно со цел да се спречи Техеран да развие атомско оружје.

Во нападите се убиени најмалку 224, а повредени се над 1.000 луѓе во Иран, според официјалниот извештај објавен вчера.

Во иранските ракетни напади врз Израел загинаа 24 лица од петокот, според кабинетот на израелскиот премиер. Само во понеделникот загинаа 11 лица, вклучувајќи осум мртви во Петах Тиква, Бнеи Брак и Хаифа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ