вторник, 20 јануари 2026

Би-би-си: Европарламентот утре ќе го суспендира трговскиот договор со САД

Европскиот парламент ќе го суспендира одобрувањето на трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД, договорен во јули, дознало Би-би-си од извори блиски до парламентарната комисија за меѓународна трговија. Суспензијата треба да биде објавена утре попладне во Стразбур, Франција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Договорот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен беше постигнат во јули на голф-теренот на Трамп во Шкотска. Со него, американските царини за целиот увоз од Европската Унија беа намалени на 15 отсто, што во тој момент се сметаше за поволен договор, имајќи предвид дека Трамп претходно се закануваше со царини од 30 отсто.

Сепак, договорот сè уште мора да биде одобрен од Европскиот парламент, а комисијата за меѓународна трговија сè уште не ја завршила неговата анализа.

Во саботата, само неколку часа откако претседателот на САД се закани со воведување американски царини поради Гренланд, влијателниот германски пратеник во Европскиот парламент Манфред Вебер изјави дека „одобрувањето во оваа фаза не е можно“.

Додека договорот се финализираше, Европската Унија ги суспендираше своите противмерки, односно царините за американска стока во вредност од 93 милијарди евра. Таа суспензија истекува на 6 февруари, а без нејзино продолжување или без парламентарно одобрување на договорот, царините на Европската Унија за американската стока ќе стапат во сила на 7 февруари.

Потегот би означил уште една ескалација на тензиите меѓу САД и Европа, додека Доналд Трамп ги засилува напорите да го преземе Гренланд, заканувајќи се со нови царини по тоа прашање за време на викендот.

Застојот ги вознемири финансиските пазари, повторно отворајќи разговори за трговска војна и можноста за одмазднички мерки против САД поради нивните трговски потези.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ