недела, 8 март 2026

Безбедносни извори: Американската амбасада во Багдад гаѓана со ракети „каќуша“

Американската амбасада во Багдад, главниот град на Ирак, вчера беше гаѓана со ракети „каќуша“, а се огласија и сирени, изјавија безбедносни извори и сведоци, иако веднаш не беше јасно дали во нападот има жртви или материјална штета, пренесува агенцијата Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е првпат амбасадата да биде гаѓана по повеќе од две години. Последниот регистриран напад се случи кон крајот на 2023 година, кога околу седум минофрлачки гранати паднаа во рамките на комплексот, среде бран напади на проирански милиции врз американски цели во Ирак и Сирија поради поддршката на Вашингтон за Израел во војната против движењето Хамас во Газа.

Експлозии се слушнале во близина на амбасадата во центарот на Багдад околу 21 часот (19:00 по средноевропско време), а се огласиле и сирени што ги предупредуваат луѓето да побараат засолниште, изјавија сведоци.

Висок ирачки безбедносен претставник рекол за Ројтерс дека одбранбениот систем Ц-РАМ соборил една од ракетите и дека ниту една не паднала во рамките на амбасадата. Тој додаде дека нема американски жртви.

Ројтерс наведува дека нападот укажува дека ирачките милиции блиски до Иран — кои се заколнаа на одмазда по убиството на иранскиот врховен водач Али Хамнеи — ги прошириле своите цели надвор од американските воени бази во ирачки Курдистан и американските енергетски интереси, па сега ја вклучуваат и американската амбасада.

Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани им нареди на безбедносните сили да ги пронајдат оние што ги испукале проектилите, нарекувајќи ги „одметнати групи што дејствуваат надвор од законот и не ја претставуваат волјата на ирачкиот народ“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ