петок, 13 јуни 2025

Берни Сандерс: Тоа што го прави Трамп се случува само во диктатурите (ВИДЕО)

Најпознатиот американски социјалистички политичар, Берни Сандерс, води своја кампања „Борете се против олигархијата“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не се соочуваме само со олигархија, туку со претседателот кој го поткопува нашиот устав секојдневно. Се заканува на слободата на говорот, слободата на собирањето. Неговите агенти на Емиграциската и царинска служба (ИЦЕ), во овој момент фаќаат невини луѓе на улица, ги уфрлаат во неозначени возила и ги водат во центрите за задржување’, кажа Сандерс.

„Луѓе со маски трчаат по луѓето, ги уфрлаат во камиони“, кажа тој, за што посочи дека постојат бројни докази на социјалните мрежи. „Тоа се случува само во диктатури“.

Берни Сандерс е актуелен американски сенатор од Вермонт. Како поранешен претседателски кандидат тој повеќе не се натпреварува за претседателската номинација, но останува еден од најпрепознатливите гласови на прогресивното крило на американската Демократска партија.

Тој продолжува да се залага за универзално здравствено осигурување, зголемување на минималната плата, борбата против климатските промени и намалувањето на економската нееднаквост. Сандерс редовно ги коментира актуелните политички настани во САД и низ светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ