четврток, 19 март 2026

Берни Сандерс: Парите за војната во Иран можеа да им помогнат на милиони Американци

Американскиот сенатор Берни Сандерс ги критикуваше трошоците за воените напади на Вашингтон врз Иран, истакнувајќи дека огромните пари потрошени за војната можеле да бидат пренасочени кон клучни домашни програми. Според него, трошоците досега достигнале 22,8 милијарди долари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на социјалната мрежа Икс, Сандерс ги наведе трошоците за војната. „Со 22,8 милијарди долари, би можеле да обезбедиме здравствено осигурување од Медикејд за 6,8 милиони деца, да изградиме 2,6 милиони јавни станбени единици, да ја финансираме програмата за предучилишна возраст „Предност“ за 1,3 милиони деца, да вработиме 240.000 наставници и да отпишеме 20.000 долари студентски долг за еден милион должници“, кажа тој.

Сандерс повика јавните услуги да бидат приоритет пред воените трошоци, бидејќи регионалните тензии ескалираат. Во друга објава на Икс, демократскиот сенатор кажа дека поради војната против Иран не смее да се заборави на оние на Западниот брег.

„За една година, повеќе од 36.000 Палестинци беа насилно раселени на Западниот брег, 240 од нив беа убиени, а регистрирани се повеќе од 1.700 напади од страна на израелски доселеници. Мора да ја прекинеме американската воена помош за (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху“, порача Сандерс.

Бројките за раселувањето, убиствата и нападите од еврејските доселеници се во согласност со неодамнешните извештаи на Обединетите нации и организациите за човекови права.

Соединетите Американски Држави и Израел спроведуваат заеднички напади врз Иран од 28 февруари, во кои досега се убиени околу 1.300 луѓе. Меѓу жртвите се поранешниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и бројни други високи политички и воени функционери.

Иран одговори на нападите со беспилотни летала и ракети, насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Заливот каде што се наоѓаат американски воени објекти. Овие напади предизвикаа човечки жртви и материјална штета на инфраструктурата и ги нарушија глобалните пазари и воздушниот сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ