недела, 4 мај 2025

Бербок: ЕУ не смее да дозволи создавање сива зона на Западен Балкан

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека Европската Унија не смее да дозволи создавање „сива зона“ на Западен Балкан, истакнувајќи дека забрзувањето на процесот на проширувањето е клучно за зачувување на мирот и стабилноста во Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Европската Унија е мировен проект кој ќе биде уште посилен ако му се придружат земјите од Западен Балкан“, изјави Бербок на состанокот не шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во Луксембург.

Таа особено ја истакна потребата за единство на ЕУ кога станува збор за ситуацијата во Босна и Херцеговина каде, како што наведе, се „веќе преминати многу црвени линии“.

Бербок укажа на „загрижувачкото дејствување на лидерот на Република Срспак Милорад Додик, кој е под санкции на Германија и Австрија и против кој е распишана потерница во БиХ“.

„Противуставното однесување на Додик не ѝ штети само на државата, туку и на српскиот народ во БиХ“, оцени таа, предупредувајќи дека со тоа директно се загрозува „кревката безбедносна ситуација“ и европската перспектива на Босна и Херцеговина.

И австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл Рајцингер оцени дека „стабилноста на Западен Балкан претставува клуч за безбедноста на Австрија и на цела Европа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ