вторник, 30 декември 2025

Белорусија ќе распореди ракети „орешник“ како „одговор на Америка и Германија“

Генералштабот на оружените сили на Белорусија порача дека одлуката за тоа Русија да му испорача на Минск балистички ракети „орешник“ е донесена пред сè „поради постапките на Соединетите Американски Држави“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Овој чекор е всушност одговор на Америка и Германија кои најавија распоредување ракети со среден дострел во Европа“, соопшти Генералштабот на белоруската војска.

„Американците и Германците повеќе пати зборуваа за тоа“, објави министерството за одбрана на Белорусија на Телеграм.

На 6 декември во Минск, белорускиот претседател Александар Лукашенко побара од рускиот колега Владимир Путин да му достави ракети „орешник“, на што Путин му одговори дека тоа ќе биде возможно во втората половина на 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ