сабота, 6 декември 2025

Белгискиот премиер: Кој навистина верува дека Русија ќе изгуби?

Никој вистински не верува во пораз на Русија во конфликтот со Украина, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Де Вевер ги опиша како „неверојатни“ притисоците во врска со можната конфискација на замрзнатите руски средства и објасни дека има тим кој работи дење и ноќе на ова прашање.

„Но, кој навистина верува дека Русија ќе изгуби во Украина? Тоа е бајка, целосна илузија“, кажа белгискиот премиер, спротивставувајќи се на изјавите на некои западни политичари кои ја нагласуваат потребата да ѝ се нанесе „стратегиски пораз“ на Москва уште од почетокот на конфликтот.

Тој истакна дека иако идејата за користење на овие средства за поддршка на Киев може да звучи привлечно, всушност „крадењето на неподвижните средства на друга држава, нејзини суверени средства – тоа никогаш не е направено“. Тој потсети дека станува збор за пари на Централната банка на Русија.

Премиерот нагласи дека дури и за време на Втората светска војна, парите на нацистичка Германија не биле конфискувани. Суверените средства се замрзнуваат во војна, а по завршувањето на конфликтот, поразената држава може да биде принудена да предаде дел од тие средства како компензација.

Тој, исто така, предупреди на можна одмазда од Москва во случај на конфискација.

„Кој верува дека (рускиот претседател Владимир) Путин мирно ќе го прифати користењето на замрзнатите руски средства? Москва ни стави до знаење дека, во случај на заплена, Белгија и јас лично ќе го чувствуваме тоа „засекогаш“. Тоа ми се чини како прилично долг период“, додаде Де Вевер.

Меѓу ризиците, тој ја наведе можноста Русија да заплени западни средства, потсетувајќи дека финансиската компанија Јуроклиар има 16 милијарди евра во Русија и дека сите белгиски фабрики во Русија би можеле да бидат преземени.

Тој додаде дека Белорусија и Кина би можеле да го следат примерот и ги критикуваше европските лидери што не ги разгледале целосно последиците.

Де Вевер објасни дека ги прашал своите европски партнери дали се подготвени заеднички да ги преземат ризиците со кои ќе се соочи Белгија во случај на одмазда и дека само Германија одговорила позитивно.

„Без таква споделена одговорност, ќе направам сè за да го блокирам ова досие. Сè!“, порача белгискиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ