недела, 1 март 2026

Белгија заплени танкер од руската тајна флота, Москва ја обвини за пиратерија

Белгија денес заплени танкер за нафта на руската тајна флота, објави министерот за одбрана на земјата Тео Франкен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на изминатите неколку часа, нашите вооружени сили, со поддршка на француската одбрана, се качија на танкер за нафта кој ѝ припаѓаше на руската тајна флота“, напиша Франкен на социјалната мрежа Икс, пренесува Ројтерс.

Како што додаде Франкен, запленетиот брод Етера е на списокот со санкции на Европската Унија.

Поради западните санкции против Русија од почетокот на војната во Украина нагло порасна работата на тајната, или „флота во сенка“, која се состои од танкери кои ѝ помагаат на Москва да продолжи да извезува сурова нафта.

Бродовите на овие флоти обично имаат несоодветни ознаки и понекогаш пловат со лажни документи, а често се користат и постари танкери, кои може да претставува еколошки ризик поради излевање и дефекти.

„Без неговата флота во сенка, Путин не може да води војна против невините Украинци. Затоа ги отстрануваме тие бродови. Еден по еден. Додека не престане неговата агресивна војна“, кажа Франкен, додавајќи дека Белгија сериозно ја сфаќа својата одговорност.

Русија запленувањето на нејзините танкери го нарекува пиратство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ