недела, 7 декември 2025

Белгија купи современи американски ловци, еден по пат се расипал

Првите три белгиски борбени авиони Ф-35 слетаа денес во воздухопловната база Флорен во покраината Намур, додека четвртиот авион, според извештаите на локалните медиуми, останал приземјен поради технички дефект.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Четирите авиони од американско производство полетале од Тексас минатата недела, со планирано запирање на Азорските Острови, пренесува Анадолу.

Три авиони успешно ја завршија последната етапа од летот од 2.800 километри и слетале во Белгија нешто по 15 часот по локално време, во присуство на кралот Филип, началникот на одбраната и неколку федерални министри.

Според весникот Хет ааатсте ниус четвртиот авион, кој требало да лета заедно со другите, имал „дефект или технички проблем“ што го спречило да пристигне во Белгија.

Белгиското министерство за одбрана ја опиша ситуацијата како „техничка неизвесност“ и нагласи дека безбедноста е приоритет.

Претходно во текот на денот министерот за одбрана Тео Франкен го отвори новиот комплекс за одржување на Ф-35 во Флорен, што беше означено како важен чекор во стратегиската воена трансформација на Белгија.

Новите авиони Ф-35 ќе ги заменат авионите Ф-16 кои се во служба на белгиските воздухопловни сили повеќе од 40 години. Белгиските пилоти и техничари ќе бидат обучувани во Соединетите Американски Држави, заедно со нивните меѓународни колеги.

Белгија досега нарачала 34 авиони Ф-35 и планира да купи уште 11, потврди Франкен, истакнувајќи дека Белгија е „посветена да се придружи на штитот од повеќе од 700 авиони кои го штитат европскиот воздушен простор“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ