понеделник, 15 декември 2025

Белата куќа: Земјите без договор за царините ќе добијат одговор од САД до полноќ

Земјите кои не преговарале за трговски договор или не добиле писмо за царини од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе добијат одговор од Соединетите Американски Држави за условите за трговија до крајот на денот, објави денес Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Трговскиот тим работи деноноќно за да се обиде да биде во кореспонденција со што е можно повеќе земји, но доколку сè уште не добиле одговор од нас, ќе добијат одговор во форма на писмо или извршна наредба до полноќ вечерва“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

На 7 јули, Трамп објави писма упатени до лидерите на 14 земји, во кои најави воведување царини од 25 до 40 проценти против нивните земји, кои ќе стапат на сила на 1 август, потсетува Ројтерс.

Тогаш беше објавено дека земјите со кои преговорите за царини сè уште се во тек, доколку не се постигне договор, ќе добијат такво известување најдоцна до истиот датум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ