понеделник, 26 јануари 2026

Белата куќа: Трамп не сака да се убиваат луѓе на улиците на САД, но нема да се откаже од депортацијата

Белата куќа соопшти дека претседателот Доналд Трамп не сака да гледа повредени или убиени луѓе на улиците на Соединетите Американски Држави, но дека нема да се откаже од своите напори за депортирање на „насилните криминални нелегални имигранти“ од Минесота.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит го коментираше убиството на 37-годишниот Алекс Прети во саботата, кое предизвика негодување кај Американците. Тоа беше второ фатално пукање врз американски државјанин во Минесота овој месец.

„Да бидеме јасни за околностите кои доведоа до ова. Оваа трагедија се случи како резултат на намерно и непријателско противење од демократските лидери во Минесота“, кажа Ливит.

Видеото од местото на настанот е во спротивност со извештајот на администрацијата на Трамп дека службениците на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) пукале во самоодбрана откако Прети им се приближил со пиштол.

На видеото се гледа Прети како држи телефон, а не пиштол, додека агентите го туркаат на земја. Може да се видат службеници на ИЦЕ како вадат огнено оружје од близина на неговиот појас неколку моменти пред да го застрелаат. Прети имал дозвола за поседување и носење оружје.

Левит кажа дека Трамп „никогаш нема да се откаже од своето ветување да депортира насилни криминалци и нелегални имигранти и повторно да ја направи Америка безбедна“.

Демократските лидери жестоко се спротивставија на рацијата на службениците за имиграција во Минесота, која ја окарактеризираа како нелегална инвазија што ја загрозува јавната безбедност. Масовни протести се одржаа и на температури под нулата.

Левит ги повика политичките лидери во Минесота да ги предадат нелегалните имигранти во затворите на федералните власти, заедно со сите нелегални имигранти со активни налози за апсење или познати кривични досиеја за итна депортација.

Таа кажа дека Трамп сака Конгресот веднаш да донесе закон за да ги прекине политиките кои некои градови ги имаат воспоставено за да им обезбедат засолниште на мигрантите без документи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ