„Разговарав со претседателот за тоа утрово и неговата реакција, за жал, е дека не е изненаден“, изјави таа пред новинарите во Белата куќа.
Русија во текот на претходната ноќ изврши голем напад со беспилотни летала и ракети врз Украина, по кој неколку стотици илјади луѓе останаа без греење на ниски температури.
Портпаролката на Белата куќа изјави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, како и зетот на претседателот Џаред Кушнер, ќе бидат „утре во Абу Даби за уште една рунда трилатерални состаноци“ со Русите и Украинците.






